Ковачевски: Предложени се повеќе кандидати за претседател од СДСМ, меѓу нив и Пендаровски

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска одговорајќи на новинарско прашање околу кандидатите за претседател на државата, посочи дека има повеќе еминентни можни кандидати кои се предложени.

Напомена дека и актуелниот претседател Стево Пендаровски е предложен од општинските организации, а предложени се и други поранешни претседатели на државата, поранешни претседатели на СДСМ, поранешни секретари на СДСМ, врвни поранешни судии.

„Не можам да ви кажам точно колку можни кандидати се предложени затоа што ги немам бројките пред мене. Тие се собираат во секторот на организацискиот секретар. Се работи за повеќе еминентни можни кандидати, вклучително и претседателот Пендаровски, кој што е предложен од општинските организации. Тоа што можев да го видам од она што го имаме добиено на располагање од општинските организации, само потврдува дека СДСМ е голема партија, партија која располага со врвен кадровски птоенцијал и која секогаш ги има најдобрите кандидати за сите позиции“, истакна Ковачевски.

Слични содржини