Ковачевски: Со СДСМ државата е стабилна, безбедна и слободна со европска иднина – со ДПМНЕ изолирана, недемократска и со отворени прашања

од Nikola Popovski

„Во ДПМНЕ гледаме дека нема никаква промена. Нема програма, нема политичка понуда, нема идеа, став, не знаат за што се залагаат, само се нешто против. Тоа отуство на став, на политика го видовме и последните неколку години. За ниту едно важно прашање, државно, национално, ДПМНЕ немаше став. Само нешто кочеа и блокираа. А тоа го гледаме и деновиве,“ посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ за ИЕ 1 во Општина Центар.

Тој се наврати на изминатите денови и проблемартизирањето на техничката Влада од страна на ДПМНЕ, изјавите дека нема да учествуваат, за потоа се предомислат.

„Се заплеткаа самите не знаат што да прават со себе, а не со државата. Ги гледаме нивните градоначалници, за 2 години ниту еден проект не реализираа. Гледаме каков хаос се случува во Скопје. Не само што нема капитални проекти, не само што нема развој, автобуси нема, градски превоз нема. Тоа што се случува во Скопје е потсетник што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт,“ рече Ковачевски.

Тој изрази убеденост во одлуката на граѓаните.

„Со СДСМ државата е стабилна, безбедна, слободна и што е многу важно, има извесна европска иднина. Со ДПМНЕ државата е изолирана, недемократска, постојано во некоја тензија и со отворени прашања“рече Ковачевски.

Претседателот се осврна на остварувањетео на стратешката цел на државата и нејзини повеќе генерации – полноправно членство во НАТО, како и дека со политиките на СДСМ и проевропските коалициски партии започнаа преговорите за членство во ЕУ после 17 години чекање.

„Ќе биде година на европска Македонија! СДСМ ќе го има победничкиот кандидат за претседател. На 8 ми мај, на слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот блок предводен од СДСМ. А на 9-ти мај, Денот на Европа, ќе ја формираме новата проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година“ порача Ковачевски.

Слични содржини