Ковачевски: Тече постапката за кандидирање на кандидати за претседател на државата

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски информираше дека разговорите со коалициските партнери во однос на претстојните избори се одвиваат на регуларно ниво, но до овој момент не постои финален договор. Тој посочи дека се одвиваат разговори чија цел е правење на коалиција меѓу политичките партии кои делат исти вредности и визија за државата, а тоа е Северна Македонија што поскоро да стане членка на Европската Унија.

Што се однесува до другите оперативни активности поврзани со изборите, Ковачевски најави дека денеска во 18.30 часот ќе биде отворена промотивна канцеларија на СДСМ на улица „Македонија“ во Скопје и потенцираше дека е во тек постапката за кандидирање кандидати за претседател на државата и кандидати за пратеници.

„Денеска во 18.30 часот ќе биде отворена промотивна канцеларија на улица ‘Македонија’, каде што ќе има голем број на наши членови, симпатизери и граѓани и каде ќе можеме да ги започнеме и поконкретните активности. Оперативните активности веќе се подготвуваат и во другите градови. Тече и постапката за кандидирање на кандидати за претседател на државата и на кандидати за пратеници и која се одвива согласно динамиката усвоена во правилникот и роковникот од Централниот одбор“, истакна Ковачевски.

Слични содржини