„КОВИД-19 ЌЕ ОСТАНЕ ЗАСЕКОГАШ со нас“: Шокантна изјава на директорот на Модерна, но има и добри вести!

од Nikola Popovski

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, која произведе една од вакцините за Ковид-19, Стефан Бансел, предупреди дека коронавирусот, кој уби речиси два милиони луѓе ширум светот, ја запре економијата и ги оптерети здравствените системи, ќе остане засекогаш со нас.

Водечките здравствени службеници и експерти за заразни болести сметаат дека постои голема веројатност дека коронавирусот ќе стане ендемска болест, што значи дека таа ќе биде присутна во населението цело време, иако веројатно на пониски нивоа отколку што е сега.

„Ќе живееме со овој вирус, верувам, засекогаш“, рече тој на панел дискусијата за здравјето „JPMorgan Healthcare Conference“.

Научниците ќе мора континуирано да ги следат новите варијанти на вирусот, за да можат да произведуваат вакцини за борба против нив, рече тој.

Истражувачите од Охајо вчера рекоа дека откриле две нови варијанти кои најверојатно потекнуваат од САД и дека едната од нив брзо станала доминантен вид во Колумбија, Охајо, во период од три недели кон крајот на декември и почетокот на јануари.

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача давање на условно одобрување за употреба на вакцината на компанијата „Модерна“ против вирусот кај лица постари од 18 години. Оваа вакцина покажа стапка на успех од 94,1 процент и стана втора вакцина за спречување на коронавирус што ЕМА ја препорача за употреба во ЕУ.

Слични содржини