Крадци нападнале полицајци во Чаир

од Nikola Popovski

Синоќа во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело „тешка кражба“, по што се дале во бегство.

Како што соопшти МВР, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини