Крадењето на македонскиот идентитет со векови е „спорт“ на соседите, велат од Галичник откако „Спона“ го прогласи Ѓорѓи Пулевски за „српски родољуб“

од Nikola Popovski

Во објава од 11 јануари на порталот на Срби.орг.мк, Организацијата на Србите во Македонија „Спона“ го прогласи Ѓорѓи Пулевски за „Српски родољуб“, кој молел за помош во Белград. Истовремено, македонскиот јазик (тогаш забранет за употреба) го прогласува за дијалект (најверојатно според нив на српскиот јазик) кој подоцна станува (очигледно на нивна голема жал) македонски книжевен јазик.

Преку соопштение за јавноста се јави и месната заедница Галичник (МЗГ). Според нив, „тоа е дрска и навредливата објава“.

Од таму велат дека грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт“ кој го практикувале нашите соседи, пренесува „Цивилмедија“.

Слични содржини