Крадел пари од службениот сеф во јавно претпријатие

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против 49-годишник со иницијали Б.Ш (49), жител на селото Подмочани, поради сомнение за сторени кривични дела кражба и проневера во службата.

Според полицијата, осомничениот, како раководител на Одделението за финансии и сметководство во јавното комунално претпријатие „Пролетер” во Ресен, во август 2021 година во неколку наврати со клуч го отворал сефот кој бил во просторијата на благајната и оттаму одзел пари.

Слични содржини