Крај на цела модна ера: Готје ја најави последната ревија

од Elena Daskalova

Францускиот стилист и моден дизајнер својата кариера ја започна во Пјер Карден. Неговото име е едно од најзвучните во светот на модата, убавината и дизајнот.

Готје неодамна потврди дека претстојната ревија на висока мода во Париз ќе биде негова последна во 50-годишната кариера, а потоа брендот започнува со нешто ново.

„На 22 јануари 2020 ќе прославам 50 години од кариерата со ревија на високата мода во ‘Театр ду шале’. Тоа ќе биде мојата последна ревија. Но, со сигурност можам да кажам дека куќата ‘Кутур Готје Парис’ продолжува и понатаму, а наскоро ќе дознаете повеќе детали“, наведува тој во соопштението.

Готје е креатор на многу легендарни парчиња облека, како што е корсетот на Мадона со шпицест градник. Неговите креации може да се наречат и „полово ликвидни“, тој меша стилови, бои, дизајни, а на женски парчиња облека додава машки детали и обратно. Познат е и по храбрите парфеми кои со сигурност имаат многу обожаватели. Во 1984 креираше цела колекција со здолништа и фустани за мажи, наведувајќи дека машкоста не се носи со облека, туку дека таа е во главата.

Слични содржини