Кралицата Елизабета ја откажа божиќната прослава во Сандрингем

од Nikola Popovski

Кралицата го откажа традиционалното божиќно патување во Сандрингем, Норфолк, поради загриженост за зголемувањето на бројот на случаи со сојот омикрон на коронавирусот.

Наместо тоа, таа ќе го помине одморот во Виндзор, каде што ќе и се придружат членовите на кралското семејство.

Бакингемската палата соопшти дека тоа е лична одлука на кралицата и дека покажува „превентивен пристап“.

Втора година по ред, пандемијата доведува до откажување на божиќното патување на кралицата во Сандрингeм.

Минатата недела кралицата објави дека нема да организира традиционален семеен предбожиќен ручек. Тоа беше нејзиниот одговор на загриженоста за ширење на нова варијанта на Ковид-19.

Не е познато кои членови на кралското семејство ќе ја посетат кралицата во Виндзор овој Божиќ, но портпаролот на Бакингемската палата најави дека ќе се почитуваат „сите соодветни мерки“.

Британската влада била информирана за одлуката, но не учествувала во нејзиното донесување.

Слични содржини