Иако кралската двојка треба да се одрече од бројните свадбени подароци во вредност од 8 милиони фунти кои ги примија од непознати дарители и компаниии кои по тој пат сакаа да направат промоција на своите производи, еден подарок, оној од кралицата Елизабета II, сепак ќе задржат.

При бирањето на својот подарок, кралицата Елизабета за својот внук и неговата сопруга, всушност решила да биде многу дарежлива па им подари куќа “York Cottage” на имотот во Сандрингам. Подарокот од околу 8.000 хектари земја на колку што се простира имотот, го објавија британските медиуми.
Од тоа 240 хектари се јавен парк, 24 хектари градина која е поврзана со главната куќа. Имото датира од времето на кралот Едвард VII кој куќата му ја подарил на својот син, кралот Џорџ V во 1893 година.
Хари и Меган во моментот живеат во куќата во Нотингам која е сместена на просторот на Кенсингтонската палата, а својот нов дом ќе го користат како одморалиште, пишуваат медиумите.