Кралицата го одобри трговскиот договор меѓу Велика Британија и ЕУ

од Vladimir Zorba

Портпаролката на Претставничкиот дом Линдзи Хојл им порача на пратениците дека трговскиот договор меѓу Велика Британија и Европската унија е одобрен од кралицата Елизабета Втора, пренесува Ројтерс.

По одобрувањето на кралицата Елизабета Втора, договорот може да стапи на сила на 31 декември во 23 часот по локално време.

Вчера во Лондон, британскиот премиер Борис Џонсон потпиша трговски договор склучен со ЕУ за трговски односи од 1 јануари 2021 година.

Џонсон, кој го потпиша договорот пред камерите, изјави дека документот претставува „почеток на прекрасна врска меѓу Велика Британија и нејзините пријатели и партнерите во ЕУ“.

Пред Џонсон, договорот го потпишаа истиот ден во Брисел претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

ЕУ ќе го објави договорот во Службен весник до 31 декември за да може да стапи во сила на 1 јануари.

Неговата примена ќе биде привремена се додека не биде ратификуван од Европскиот парламент.

Велика Британија и ЕУ постигнаа трговски договор на 24 декември, само седум дена пред крајот на преодниот рок за Брегзит и повеќе од четири години откако Британците гласаа за напуштање на ЕУ.

Слични содржини