Креаторот на „Спутник V“: Вакцината не влијае на плодноста кај луѓето

од Vladimir Zorba

Александар Гинзбург, директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, за „Спутник“ изјави дека вакцината против коронавирусот „Спутник V“ не влијае на плодноста, бидејќи основата на препаратот е аденовирус, со кој човештвото живее долго време.

„Ниту во однос на еволуцијата, ниту во однос на моменталните набудувања на модерната медицина, вакцината нема негативно влијание“, рече Гинзбург.

Тој објасни дека „Компонента I“ и „Компонента II“ на „Спутник V“ се направени врз основа на аденовирус 26 и аденовирус 5. И двата вируса циркулираат меѓу популацијата подолго време.

„За тоа време, како што знаеме, човештвото се размножи на 7,5 милијарди. Дури и кога немаше сомнеж за овие два вируса, кои се присутни во нашето тело и кои бевме инфицирани десет пати во форма на пневмонија. Дали тоа некого спречи да затрудни? Тоа не се најде во ниту еден медицински протокол“, продолжува експертот.

Претходно, главниот лекар на инфективната болница во Москва, Денис Протосенко, објави дека теориите дека вакцината против короната влијае на плодноста се обични дезинформации.

Слични содржини