Кремасто и превкусно: Макарони со пилешко и брокула

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:
240 гр макарони
три шолји цветови од брокула
1/3 чаша млеко
1 лажица сушени домати
180 гр кашкавал
200 гр пилешко
сол, бибер

Подготовка:
Сварете ги макароните, но три минути пред крајот на варењето ставете ја брокулата во водата, па процедете сè и оставете на страна. Во тенџере ставете млеко и домати и сè измешајте. На крај додадете го кашкавалот и промешајте да се растопи и да се соединат состојките. Зачинете со сол и бибер. Потоа се додаваат ситно сечканото сварено пилешко, макароните и брокулата. Измешајте сè, запечете во рерна и послужете топло.

Слични содржини