Кремљ ги обвини европските политичари за затворањето на „Северен тек 1“

од Vladimir Zorba

„Газпром“ во петокот соопшти дека магистралниот гасовод кон Германија ќе остане затворен на неодредено време, шокирајќи ги оние што очекуваа повторно да се отвори во сабота по тридневно одржување.

„Ако Европејците донесат апсолутно апсурдна одлука да одбијат да ја сервисираат нивната опрема, или поточно, опремата што му припаѓа на „Газпром“, но која тие се договорно обврзани да ја сервисираат, тоа не е вина на Газпром“, рече во интервјуто портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руската државна телевизија, според „Интерфакс“.

„Виновни се оние политичари кои донесоа одлуки за санкции“, рече тој.

„Газпром“ во петокот соопшти дека повеќе не може да дава временска рамка за рестартирање на испораките откако откри истекување на нафта што значеше дека турбината на гасоводот не може да работи безбедно.

Вицепремиерот Александар Новак за руската државна телевизија изјави дека за да може опремата да продолжи со работа, „Сименс енерџи“ мора да ги исполни условите од договорот за одржување на турбините.

Целосно се прекршени сите услови од договорот за ремонт, прекршени се условите за транспорт на оваа опрема“, рече Новак, пренесе „Интерфакс“.

„Покрај тоа, воведени се санкции – и од Канада и од Европската унија – за соодветната опрема, така што е неопходно да се усогласат со договорните услови за оваа опрема навистина да продолжи да работи“, додаде тој.

„Сименс енерџи“ соопшти дека не добил задача да ја заврши работата, но дека се достапни.

Немаше информации ниту од Песков, ниту од Новак кога Москва ќе може да го обнови снабдувањето.

Слични содржини