Кристин Баумгартнер немала избор – се согласила со сите услови на Кевин Костнер

од Vladimir Zorba

Вчера се прошири веста дека Кристин Баумгартнер и Кевин Костнер конечно најдоа „заеднички јазик“ во случајот за развод и успеаја да се договорат за сите детали од разводот. Но, се погласни се гласините дека поранешната сопруга на холивудскиот актер немала многу избор во целата тужба, бидејќи Костнер ги влечел сите конци.

„Кевин и Кристин Костнер дојдоа до пријателско и взаемно договорено решение за сите прашања поврзани со нивната разводна постапка“, се вели во соопштението за печатот на портпаролот на Кевин, кое беше објавено вчера и потврди дека на повеќемесечниот спор конечно му дојде крајот.

Сепак, се чини дека не заврши сè така идилично и пријателски. Очигледно, според пријателите блиски до Кристина, таа морала да се согласи на се што сакал Кевин Костнер.

„Кристин немаше друг избор освен да се согласи со она што го побара Кевин, бидејќи тој ја имаше целата моќ и ги држеше конците. Да ја продолжеше борбата, на крајот ќе изгубеше се. Таа исто така рече дека тоа е победа за децата, бидејќи ниту едно дете не сака да помине низ вакво нешто, а камоли низ лупата на јавноста“, откри за Дејли Меил близок на Кристина Баумгартнер и додаде: „Таа беше таа што сакаше да ги реши работите надвор од судот, таа никогаш не сакаше да биде дел од овој циркус. Тоа беше жив кошмар и сега таа само сака да продолжи и да почне од почеток. Таа сака својата нова куќа повторно да ја направи дом“.

Да потсетиме, поранешната 49-годишна манекенка барала од актерот да и исплати значителна алиментација со оправдување дека нивните деца се навикнати на луксузен начин на живот. Плашејќи се дека нивниот престој со нејзиниот татко ќе се разликува од она што таа може да си го дозволи, Баумгартнер барала Костнер да и плати повеќе од 175.000 долари за издршка за децата за да продолжи сиот луксуз во нивниот живот.

За време на дводневното сослушување за издршка на деца во Санта Барбара кон крајот на август, судијата ги одреди месечните исплати на Кевин за Кристин на 63.209 долари, што одговара на неговата предложена сума.

Пред веста за нивната спогодба, поранешниот пар требаше повторно да се појави на суд овој декември за да ја реши важноста на нивниот предбрачен договор.

Слични содржини