Кривични пријави за двајцата насилници во автобусот на ЈСП

420 прегледи

До Основото јавно обвинителство, единицата на знасилен криминал, поднесе кривични пријави против Р.З. (31) и Х.И. (31) од Скопје, поради сомнеж за сторено кривично дело „насилство“, кое според Кривичниот законик е казниво по член 386.

Имено, на 05.11.2020. година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП бр. 7, на автобуската постојка „Рекорд“ во автобусот влегле двете лица, кои не носеле заштитни маски, поради што во автобусот за кратко време почнала расправија помеѓу првопријавениот Р.З. и другите патници, поради непочитување на марките за Ковид 19, пришто тој почнал агресивно да се однесува и да им се заканува. Потоа, второпријавениот Х.И. дошол до вратата од кабината на возачот на автобусот И.Б. 47 години и му упатувал закани.

По извршената идентификација на лицата, двајцата насилници се лишени од слобода и со нив е извршен разговор во полициска станица, по што е изготвена соодветна кривична пријава.

 

Слични содржини