Кулеба: Украина ќе добие Ф-16, Русија треба да се плаши од украинскиот војник

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска изјави дека руското раководство треба да се плаши од украинскиот војник, а не од авионите Ф-16 кои ќе бидат испорачани според планираното.

„Единствената закана за Русија е украинскиот војник. Од тоа најмногу треба да се плашат Путин и неговиот тим. Украина ќе добие Ф-16 според планираното. Русија мора да го прифати тоа и покрај изјавите на Лавров“, напиша Кулеба на Твитер.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска предупреди дека Москва ќе ја смета испораката на борбени авиони Ф-16 на Украина за „нуклеарна закана“.

Слични содржини