Кумановец фатен дома со 15 куршуми и марихуана

од Nikola Popovski

На 15.01.2024 во 01.25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(40) од Куманово.

При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени 15 куршуми, марихуана и масло од хашиш.

А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини