Курти: Ќе работам со заедниците за да ги отфрлиме предрасудите

од Aleksandar Petrovski

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање на новата Влада на Косово, откако неговата партија победи на парламентарни избори на 6 октомври, изјави денеска дека малцинските заедници „не треба да се гледаат од политичарите само како програма“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти, кој учествува на Мултикултурниот фестивал „Гласот на Ромите, Ашкалиите и Египќаните“, што се одржува првпат во Приштина, порача дека како иден премиер ќе работи со заедниците за заедно да ги отфрлат предрасудите.

– Знам дека се бројни лидерите кои говореле тука, но јас не дојдов за добар говор ниту за да давам ветувања. Тука сум затоа што економскиот развој го гледам како развој на граѓаните без оглед на нивната припадност, изјави Курти.

Тој порача дека како премиер ќе се залага за бесплатно јавно образование и за квалитетно јавно здравство за посиромашните слоеви на општеството.

Слични содржини