Курц основал компании во Дубаи и Тел Авив

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц успешно влезе во светот на бизнисот и покрај работата во концернот на американскиот инвеститор Питер Тиел, реализира и неколку нови проекти, пишуваат австриските медиуми.

Основаше компании во Тел Авив и Дубаи, кои се занимаваат со консултантски активности во областа на технологијата и обновливите извори на енергија.

Дополнително, заедно со финансискиот инвеститор Александар Шиќ, основал компанија наречена „AS2K“, која се фокусира на инвестиции во областа на технологијата, здравството и заштитата.

Преку таа компанија сака да инвестира во старт-ап, тврди неименуван извор близок до Курц во изјава за весникот „Естерајх“.

Поради новите работни места Курц многу патува, а само во последните седум дена бил во дури осум земји, најчесто во САД и Блискиот Исток.

Од 20 до 25 дена месечно поминува во странство, а сопатничката Сузан и синот Константин ги носи на подолгите патувања.

Наесен се очекува да објави автобиографија.

Слични содржини