Курц се повлекува од политиката

од Milan1

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), поранешниот канцелар Себастијан Курц, се повлекува од политиката.
Курц, кој неодамна стана татко, најави дека во 11.30 часот ќе им се обрати на медиумите со лична порака.
Од партиски кругови се слуша дека Курц решил целосно да се повлече од политиката.

Него треба да го замени министерот за внатрешни работи Карл Нечамер како лидер на ОВП.

До неодамна се шпекулираше дека Курц би можел по завршувањето на истрагата против него да се врати во самиот врв на политиката, пренесува Танјуг.

Инаку, Курц успешно ја водеше ОВП до изборни победи со резултати кои партијата не ги памети.
Само на последните избори во 2019 година ОВП предводена од освои дури 37 отсто од гласовите.

Слични содржини