“Курвите” без кои историјата немаше да е иста

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Поради својот животен избор многу жени во историјата биле определени како “курви”, но тоа не ги спречило да ги исполнат своите цели и да останат запаметени засекогаш

Денешната жена во повеќето земји во светот може да облекува што ќе посака, да изгледа како што сака и да работи што сака. Малкумина се оние на кои одреден избор ќе им остави впечаток и ќе ја определат со навредлива именка. Секојдневниот живот е брз, жените се еманципирани, современото општество го поддржува изразувањето на личноста и не ги инхибира разликите.

До многу скоро сепак, не било така. Жените во минатото не биле толку големи среќнички – малку поголемо деколте, пократко здолниште или пак разговор со непознат маж и етикетата на “курва” или “лесна жена” веќе е залепена за некоја похрабра дама. Поради својот животен избор многу жени во историјата се определени како “курви”, но тоа не ги спречува да ги исполнат своите цели и да останат запаметени засекогаш. Еве и некои од “лесните” жени, без кои историјата нема да биде иста:

Мата Хари

Маргарета Гертруда Зеле, попозната како Мата Хари, е холандска егзотична танчерка, која била толку провокативна што привлекувала како мажи така и жени. Примамливиот нејзин шарм ѝ обезбедува пристап до најпознатите јавни личности во тоа време. Оваа нејзина непосредна близина на влијателни личности ги тера владите на различни држави да се сврти кон неа за внатрешни информации.

Иако нема податоци таа некогаш се претворила во шпион само за одредена држава, познато е дека склучува двоен договор за шпионажа за време на Првата светска војна. Франција ја обвинува дека е германска шпионка, која му открила на непријателот детали за француските тајни оружја и индиректно ја предизвикала смртта на 50 илјади војници.

Мата Хари би потонала во архивите како незначителна авантуристка и искушувачот лесна жена, ако париските тајни служби не ја издаваат и осудуваат на смрт со стрелање.

Ен Болејн

Набргу откако станува крал на Англија, Хенри VIII се жени за Катерина Арагонска, со која има дете -Марија I Тјодор (крвава Мери). Многу наскоро, тој станува незадоволен од бракот со неа и Ен Болејн, сестра на една од љубовниците успева да му го привлече вниманието на кралот со својот неодолив шарм.

Кралот  гомоли папата Климент VII да го поништи неговиот прв брак, но тој одбива. Хенри се спротивставува на законите на црквата, кои го забрануваат разводот, и го завршува бракот со Катерина, за да се омажи за Болејн во 1533 година Ен, која никогаш немала намера да станува љубовница на кралот на Англија, останува во историјата како жената поради која кралот Хенри VIII ја дели земјата, за да биде со неа. Тој ја создава Англиската црква и се прогласува за нејзин врховен поглавар.

Во меѓувреме следбениците на Римската црква остануваат верни на Арагонската и ја мразат “курвата” Болејн. Хенри VIII е познат по многуте бракови, затоа Болејн е втората, но не и последната сопруга. Во 1536 година таа е обвинета за предавство и е обезглавена. Но пред тоа го дава животот на идната  кралица Елизабета  I, која со управувањето придонесува за развојот и културниот процут на Англија.

Витсавее

Во една од најинтересните библиски приказни главни ликови се егоистичниот цар и мажена жена. А еве ја и историјата: Еден прекрасен ден царот на Израел и Јудеја, Давид, ја видел убавата Витсавее како се капе. Одлучил дека сака да ја има и ја силувал. Царот веќе поседувал свој харем од сопруги и конкубини и сакал да ја вклучи кон него и Витсавее. Таа веќе била мажена за еден од војниците на царот. Уште поголем проблем бил фактот дека освен што има сопруг, таа веќе била и бремена од Давид.

Така Давид одлучил да го нарача убиството на нејзиниот сопруг во битка. Неговиот план бил исполнет и тука се вмешал Господ. На него не му се допаднале делата на царот и решил да го казни – новородениот син на Витсавее умрел. Таа била прогласена за прељубница од самиот Господ и се претворила во уште една жена од харемот на царот Давид.

И можеби приказната требаше да заврши тука, ако не му беше дала живот на цар Соломон, познат по исклучителната мудрост, наследена од мајка си. Кај него Античкиот Израел ја достигнува најголемата воена сила, заземајќи ги соседните области од долината на Еуфрат до границите на Египет.

Мерилин Монро

Малку пред 23-от роденден во очајнички обид да извади пари, Норма Бејкер позира за голи слики по цена од 50 долари. Само три години подоцна светот ја запознава и таа веќе не е Норма, туку Мерилин Монро. Станува позната во целиот свет со совршената фигура и блескавата убавина.

Како може да се погоди, во шпицот на нејзината популарност, голите слики испловија од “некаде” и луѓето се револтираа од нив. Многумина почнуваат да гледаат на убавицата како на “курва” или лесна жена. За да се заштити имиџот на актерката, списанието “Тајм” ја моли убавицата да каже дека не е таа на сликите. Монро сепак одбива да лаже.

Наместо тоа, таа свикува прес-конференција и ја раскажува приказната на сликите: ” Бев разорена и имав потреба од пари. Зошто да негирам? Јас не се срамам од својата постапка, не сум направила ништо лошо … Веќе бев задоцнета со еден долг. Требаше да ги добијам парите “, вели Монро.

Не само што овие слики не успеваат да ѝ ја уништат кариерата на Монро, но и отвореноста за нив дури придонесува за подобрување на нејзината кариера. Монро се претвора во најпрепознатливиот  симбол на женската убавина во историјата на филмот и телевизијата.