Лајчак призна дека ЕУ има одговорност – Државите на Балканот се во длабока криза

од Vladimir Zorba

Балканот на агендата на Брисел. Во рамките на состанокот на Советот на ЕУ одржан во понеделникот, ситуацијата во земјите од регионот беше оценета како “напната”. Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак алармира за ситуацијата на Балканскиот Полуостров со акутна реторика


“Европската унија станува сериозен соговорник, кога станува збор за проширувањето. Ние излеговме од Западен Балкан и со зборови и со дела, и сега гледаме какви се последиците од тоа – имаме две држави кои се пред распаѓање и три кои се во длабока политичка криза. А главната  причина е дека ЕУ не си ја  исполни лидерската улога, како земја во дијалогот, која треба да даде перспектива на овие земји “, истакна Лајчак.

Слични содржини