Lamborghini верува дека синтетичките горива би биле добра алтернатива за електричните возила

од Vladimir Zorba

Lamborghini веќе подолго време му пркоси на трендот на „Downsizing“ држејќи се до V12 моќноста на Aventador, додека веќе е потврдено дека моторот на наследникот на Huracan има повеќе од шест цилиндри.

И двата ќе бидат хибриди за да ги исполнат построгите регулативи за емисиите, но моторите со голема зафатнина ќе бидат во голема мера одговорни за погонот.

Во интервју за Tech Crunch, извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, рече дека компанијата не мора да одлучува сега кога треба постепено да ги укине моторите со внатрешно согорување.

Додека главните брендови нема да имаат друг избор освен постепено да ги укинат SUS-моторите до средината на следната деценија, помалите ќе имаат дополнителна година да ги пензионираат автомобилите со фосилни горива, според Јутарњи.

„Малку е тешко, бидејќи Европскиот парламент на почетокот на годината одлучи да ги забрани бензинските и дизел моторите до 2035 година, а помалите производители како Lamborghini до 2036 година, така што не мора да одлучуваме сега“.

Шефот на Lamborghini смета дека има голем потенцијал во синтетичките горива.
„Сè уште имаме можност да навлеземе во синтетички горива со тие типови на автомобили“.

Сепак, Винкелман спомена дека тоа може да се постигне само ако се промени законодавството, што тој не предвидува да се случи наскоро.

57-годишниот извршен директор вели дека Lambo ќе се префрли на целосно електричен погон на почетокот на 2030-тите. Првиот модел на компанијата кој ќе го укине SUS ќе пристигне во 2028 година како кросовер. Пред тоа да се случи, се очекува plug-in хибридниот Urus да пристигне пред крајот на годината.

„Фејслифтираните“ Urus и Huracan Sterrato ќе влезат во историјата како последни автомобили на Lamborghini со чисто внатрешно согорување, а и двата ќе бидат претставени во наредните месеци.

Слични содржини