Лампард: Евертон е уникатен клуб, ги почувствував нивните амбиции и страст

од Vladimir Zorba

Евертон официјално објави дека Френк Лампард е новиот менаџер на „карамелите“. Договорот на поранешниот играч за врска е на две и пол години – до јуни 2024 година. Неговото деби ќе го има на натпреварот од четвртото коло од ФА Купот против Брентфорд на 5 февруари.

Евертон интервјуираше неколку кандидати за местото, кое остана испразнето по отказот на Рафаел Бенитез. Витор Переира беше блиску до добивање на работата, но навивачите на Евертон се спротивставија на таквото назначување. Вејн Руни ја одби понудата да се обиде да го спаси својот сегашен тим, Дарби Каунти.

43-годишниот Лампард презема нова авантура по Дерби Каунти и Челси, од каде што беше отпуштен пред една година.

„За мене е голема чест да станам менаџер на клуб со размери и традиции на Евертон. Едвај чекам да започнам. Откако разговарав со сопственикот, претседателот и одборот, многу добро ги почувствував нивните амбиции и страст. Мислам дека Евертон е уникатен клуб. Мојата прва порака до играчите е дека треба да ги правиме работите заедно. Ќе се обидеме да си ја завршиме работата и знаеме дека навивачите ќе не поддржат“, изјави Лампард пред сајтот на Евертон.

Првото засилување на Лампард во Евертон се очекува да биде играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бик, кој веќе ги помина прегледите и треба да потпише со „карамелите“ до крајот на сезоната.

Слични содржини