Лапорта жестоко го прозва Реал Мадрид: Срамота е ова што го прават, нас за тоа веднаш би не казниле

од Симе Стоиков

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го прозва Реал Мадрид, односно официјалниот телевизиски канал на кралскиот клуб и ги обвини дека имаат влијание врз судиите.

Реал Мадрид ТВ често на своите официјални канали ги објавува грешките кои шпанските судии ги прават на натпреварите против нив. Објавуваат доверливи разговори од теренот, им вршат силен притисок, а Жоан Лапорта реши да реагира на се.

„Многу сум лут и бесен поради тоа што го прави Реал Мадрид ТВ. Срамота е“, изјави Лапорта и додаде:

„Да го направеше Барселона тоа што го направи Реал Мадрид ТВ, ние веќе ќе бевме санкционирани. Верувам дека челниците на лигата треба да интервенираат во овој случај затоа што она што го прави Реал ТВ е чисто влијание врз судиите. Тие го прават тоа секоја недела“ вели првиот човек на Барселона.

Слични содржини