Лава колач

од Stefanija Kuzmanovska

Рецепт за сите љубители на чоколадни десерти.

Состојки:

– 200 гр чоколадо

– 120 гр путер

– 4 јајца

– 100 гр шеќер

– 1 ванилин шеќер

– 80 гр брашно

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Растопете го путерот во тавче, па тргнете го од шпоретот. Додадете ја чоколадата искршена на коцки и вратете ја на рингла да се стопи со повремено мешање.

Кога чоколадото ќе се растопи, тргнете го од шпорет да се излади малку додека го подготвувате остатокот од смесата.

Јајцата и шеќерот изматете ги во сад додека не станат пенести. Додадете ја смесата со путер и чоколадо и измешајте. На крајот измешајте го брашното.

Поделете го тестото во калап за мафини и печете точно 11 минути, не повеќе. Извадете го од рерна и внимателно извадете го од калапот. Тие и натаму ќе изгледаат меко, но готови се.

Послужете веднаш со саканата декорација.

Слични содржини