Лавови, тигри и јагуар побегнаа од германска Зоолошка

од desk2
152 прегледи

Два лава, два тигри и еден јагуар, побегнаа од зоолошка градина во Линебах на западот на германија, соопшти полицијата.

Локалните власти ги предупредија граѓаните да останат во своите домови и да повикаат полиција ако видат некои од животните.

Мечка исто така избега од таа зоолошка, но е убиена, соопшти портпаролот на полицијата.

Германските медиуми пренесоа дека животните успеале да побегнат поради поплавите кои го погодиле тој дел од градот во текот на ноќта.