Лажна најава за денешните протести за „Монструм“

од Берта Китинска

Денешниот најавен протест против пресудите за „Монструм“ не се одржа. Од МВР ја демантираа лажната објава на социјалните мрежи на лицето Блерим Ахмеди која го најавила протестот.

-Mинистерството за внатрешни работи ја демантира лажната објава на социјалните мрежи на лицето Блерим Ахмеди дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест за денеска во 13.30 часот.Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење. Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста, соопштија од МВР.

Слични содржини