Лажни митови за спиењето

од desk2

На сите нас ни треба дневната доза на спиење, но многумина не успеваат да добијат доволно сон во тек на една вечер. Константно уморни, се прашуваме дали навистина ни се потребни 8 часа спиење дневно. Или можеби и тоа не е доволно?

Можеби се чувствувате уморно поради тоа што сте под стрес, или едноставно не спиете добро. Тоа не значи дека треба да го продолжите времето на спиење, туку да го подобрите квалитетот на истото.

Според доктор Нил Стенли, кој е експерт што постојано го проучува сонот и спиењето, не мора да значи дека на секого му се потребни осум часа сон, туку тоа е само мит кој упорно се шири кај луѓето.

Мит: На сите им требаат 8 часа сон

Тоа едноставно не е вистина. Спиењето е исто како и висината, тоа е индивидуално кај сите и во голем дел зависи од генетскиот код. Осумте часа се просек, не идеал.

Мит: Пиењето кафе навечер ќе ве држи будни

Некои луѓе се многу чувствителни на ефектите од кофеинот и за овие луѓе е многу важно да ги избегнуваат сите пијалоци кои содржат кофеин во доцните часови од ноќта. Сепак, не постои златно правило кое би значело дека кафето ќе ве држи будни навечер, едноставно слушајте си го телото.

Мит: Како што старееме, ни треба помалку сон

Ова исто така не е вистина. Спиењето станува фиксирано некаде во доцните 20-ти и оттогаш натаму телото преферира да добива еднакво време за спиење до крајот на животот. Она што се менува кога старееме е јачината на сонот. Со тек на годините се будиме полесно на секој шум или бука, па потоа е тешко да се вратиме на спиење.

Мит: Можеме да надокнадиме со спиење повеќе

Обично луѓето велат дека не е проблем доколку немате доволно сон во текот на неделата бидејќи тоа може да го надокнадите во текот на викендот. Можеби е добро да се наспиете за време на викендот, но изгубениот сон од целата недела нема да се врати и ќе се одрази понатаму во животот.

Слични содржини