Лејди Гага објави твит со мантра, интернетот побудале дешифрирајќи го

од desk4

Лејди Гага е позната по тоа што со само едно појавување или неколку зборови може да предизвика вистински хаос на интернет.

Таа објави твит со зборовите „Lokah Samastah Sukhino Bhavantu“.

Некои мислеле дека се работи за шифрирана порака, други пак претпоставувале дека е тоа насловот на новиот албум, но во коментарите корисниците откриле дека се работи за медитациска мантра на санскрит која приближно значи:

„Сите нека се среќни и слободно да мислат. Зборовите и настаните придонесуваат сите да сме среќни и полни со љубов.“

Твитот на Гага има над 30 илјади споделувања и повеќе од 120.000 лајкови.

Слични содржини