Лејди Гага облече венчаница (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поп-sвездата Лејди Гага беше фотографирана во бела венчаница за време на снимањето на филмот House of Gucci во Рим.

Пејачката и актерка е таму од средината на февруари, кога започна да го снима својот нов филм House of Gucci со Адам Драјвер, а во режија на Ридли Скот.

Гага ќе ја толкува улогата на Патриша Реагани, поранешна сопруга на Маурицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „Гучи“, која мина 18 години во затвор затоа што ангажирала платен убиец за да го убие својот поранешен сопруг во 1995 година.

Во филмот ќе играат и Роберт Дениро, Салма Хајек, Џаред Лето и Ал Пачино.

Слични содржини