Лек и терапија

од Vladimir Zorba

Луѓето се разболуваат, на тоа сме сведоци. Се разболува целиот жив свет и тоа го гледаме. А се разболуваат ли народите и нивните држави? Ако сѐ друго е подложно на болести, тогаш и политичките творби мора да имаат некаква болест. Веројатно болеста е резултат на сѐ поголемото оддалечување од оригиналната замисла. Исто како и човечкото битие кое сѐ повеќе се оддалечува од ликот на својот створител и сѐ помалку е човек, така и политичките творби како што се народ, нација или држава се разболуваат од болести кои битно го нарушуваат нивното функционирање.

Како и секоја болест, ако не се лечи, таа полека го умира организмот. Безидејност, корупција, занемарување на општото и воспевање на посебното, полека го рушат организмот на еден народ, нација и држава. За вакцина е доцна, но има ли лек? Како и кај секоја болест, лекот е да се стимулираат добрите делови да се борат против лошите сѐ додека не заздрави организмот. А ако организмот е општество, тоа значи што поголемо учество на поединци во општите работи, да донесат нови идеи околу кои ќе се соберат најголем дел од народот, нацијата и ќе станат активни граѓани на државата. А сето тоа низ терапијата за лечење што се нарекува – демократизација .

Првиот дел на повикот до граѓаните од група интелектуалци помина со разни коментари и конструктивни предлози. Вториот дел е пред читателите, но бидејќи целината секогаш ја дава вистинската слик, ако сте го пропуштиле,  на овој линк можете да го прочитате прво првиот дел а потоа да го приклучите и овој дел што следува.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини