Лекарите специјализанти на медицинскиот факултет-УКИМ, денеска информираа дека со петција  се обратиле до Министерството за здравтсво со која бараат итно решавање на нивните проблеми. Интегрално Ви ја пренесуваме петицијата:

lekar

Што содржи нацртот за новиот Рамковен на Владата и Питер Фејт

“Бараме веднаш да се стопира донесувањето на новите прелог законски измени во ЗЗЗ и наместо со преодни и парцијални решенија конечно да се пристапи кон трајно решавање на статусот на СИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ, со соодветна валоризација на нашиот труд преку исплата на реална и чесно заработена плата за сите лекари на приватна специјализација и менување на договорите на државните специјализанти со сооднос 1:1 во однос на годините кои треба да ги одработат во јавното здравство и финанските средства за школарина со кои го гарантираат исполнувањето на таа обврска. Ние не сме ниту волонтери, ниту робови за да бидеме максимално експлоатирани, а притоа да не добиваме ниту денар плата. Во денешно време срамота е за една современа земја која тежнее да стане ЕУ членка вака да ги третира своите лекари специјализанти, на најдолното општествено скалило“, порачуваат лекарите специјализанти.

 

 

Слични содржини