Леонардо ди Каприо и Ријана се забележани на романтично рандеву во Париз. Според очевидци холивудскиот актер и поп-ѕвездата биле заедно во француската престолнина, во неделата.704c0bcade545e24e72a2fdb1eaed5ea

Двете познати личности имаа заедничко сепаре во ноќниот клуб L’Arc. “Лео направи приватна забава во клубот, а Ријана дојде со Кара Делевин”, тврди информатор.

Мандаторот “Оскар” Лео е моментално во Париз за премиерата на филмот “Враќањето”.

Од своја страна Рири е во Франција за снимањето на лентата “Valerian and the City of a Thousand Planets” со својата пријателка Кара.

Според изворот, 41-годишниот Ди Каприо и пејачката го напуштиле клубот поединечно.

Лео неодамна се раздели со моделот Кели Рорбах, со која имаше 6-месечна врска. Гласините за романса со Ријана се појавија минатата година во февруари, кога тој ѝ помогна да го прослави 27-от роденден.

Минатата година Рири беше поврзана во флерт и со фудбалската ѕвезда Карим Бензема.

Слични содржини