Лидерот на сепаратистите од Доњецк: Британците осудени на смрт нема да бидат помилувани

од Stefanija Kuzmanovska

Денис Пушилин, шеф на непризнаената Доњецкa Народна Република (ДНР), рече дека „не треба да се покажува милост на двајцата британски државјани, Ејден Аслин и Шон Пинера, кои беа осудени на смрт минатата недела“.

„Пред се, морам да се водам од судската одлука што е донесена. Според природата на престапите што ги направија, не гледам основа или предуслови за нивно помилување“, рече Пушилин, пренесоа руските медиуми.

Тој истакна дека тие дошле во Украина да убиваат цивили за пари, пренесува британски „Телеграф“.

„Затоа не гледам услови за какво било ублажување или измена на казната“, рече тој.

Тој додаде дека судот „изрече совршено правична казна“ за тројцата борци.

Аслин и Пинер беа војници по договор кои се бореа за украинската 36-та поморска бригада кога беа заробени во април за време на опсадата на фабриката за челик во Мариупол.

Русија и бунтовничките региони во Донбас кои ги поддржува Кремљ ги нарекуваат платеници, а не воени затвореници, што овозможи во четвртокот да се одржи демонстративно судење во Доњецк, на кое беше одлучено заробените борци да се испратат во стрелачкиот вод.

На смрт беше осуден и Мароканецот Брахим Садун.

Брендон Луис, секретарот на Северна Ирска, изјави за Sky News дека владата е „целосно ангажирана“ со украинските власти во обид да им помогне на Аслин и Пинер по нивното „лажно судење“.

„Британците беа легални борци кои служеа во украинските сили и имаа целосно право на заштита на воените заробеници според Женевската конвенција“, рече Луис.

Русија има мораториум на смртната казна, но бунтовничките региони поддржани од Кремљ кои се отцепија од Украина за време на војната во 2014 година не. На видеото од судницата во Доњецк се гледа како мажите седат во кафез со рацете врзани со лисици зад грб. Нивните глави беа избричени и изгледаа слаби.

Foto:Tanjug/AP Photo

Слични содржини