Во мало село покрај реката Пергау во Сунгаи Руал, лингвистите пронашле луѓе кои зборуваат јазик кој до сега им е непознат нив.

Јазикот се вика једек и го зборуваат само околу 280 луѓе.
За ова племе може да се каже дека за некои работи и погледи на живот с епонапредни од многу развиени култури.
Во оваа заедница владее поголема рамноправност на половите отколку во западните општества. Не одобруваат насилство ни ривалитет меѓу децата.
Токму таквиот начин на живот се одржаи и на нивниот јазик во кој не постојат зборови кои означуваат поим на поседување, како да се купи, да се продаде, да се позајми или да се украде. Меѓутоа, имаат многу зборови за размена, делење и соработка.
Лингвистите Миклас Буренхулт и Жоана Јегер од Универзитетот Лунд во Шведска го откриле овој јазик додека го проучувале јазикот јахаи на тоа исто подрачје. Истражувачите веќе одамна откриле дека ова племе и неговите членови не се во потполност изолирани од надворешниот свет. Многу луѓе и научници ги посетиле и ги проучувале, но никој не забележал дека зборуваат сосема непознат јазик.
„Сфативме дека голем број од луѓето во селото зборуваат со друг јазик. Користат фонеми, зборови и граматички структури кои не постојат во јазикот јахаи“.
Како што глобализацијата се повеќе зема замаф, непознатите јазици изумираат. Во моментот во светот се звборуваат околу 6.000 јазици, а од тоа 40 наскоро може да исчезнат.