Актуелно
Почетна / Локално / Листа: Аеродром, Чаир, Сарај со најмногу активни случаи на Ковид 19

Листа: Аеродром, Чаир, Сарај со најмногу активни случаи на Ковид 19

Најмногу активни случаи на болни од КОВИД- 19 има во Скопје, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во земјава моментално има вкупно 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес.

Коронавирус

Од општините во Скопје и скопско најмногу активни случаи се евидентирани во Чаир, Сарај и Бутел. Во Чаир има 73 случаи, во Сарај 44, во Бутел 37, а по триесетина случаи или поточно 33 има и во Аеродром и 31 случај во Гази Баба.

Во Студеничани и Карпош, според последните податоци на ИЈЗ, регистрирани се 13 активни случаи, во Кисела Вода 11, во Илинден, Шуто Оризари и Ѓорче Петров 9, во Центар 8, во Петровец 4 и во Арачиново и Сопиште по два активни случаја.

loading...