Литванија ја прекина употребата на вакцината на „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska

Литванија ја прекина употребата на вакцината против ковид 19 на „АстраЗенека“ како мерка на претпазливост се додека Европската агенција за лекови не даде конечна проценка за нејзината безбедност, изјави денеска литванскиот министер за здравство Артурас Дулкис.

„Сега ја донесовме одлуката затоа што во изминатите неколку часа добивме три извештаи за сериозни, неочекувани, несакани тромбоемболични случаи кај пациенти кои примиле вакцина на АстраЗенека во Литванија“, соопштил Гитис Андрулионис, шеф на државната администрација за лекови.

Тој додаде дека нема докази дали станува збор за случајност или таквите компликации настанале поради вакцината.

Слични содржини