Лога-Хаџиу: Членството во Европската Унија носи приоритет за нашите граѓани и за градење добрососедски односи со земјите од регионот

од Radmila Tasevska

Министерот за правда, Кренар Лога оствари средба со неговата колешката од Република Косово, министерката за правда, Албулена Хаџиу.

Тие на средбата разговарале за заедничката визија, заедничките вредности и заедничките предизвици со кои се соочуваат земјите.

„Република Северна Македонија и Република Косово имаат многу позитивни искуства кои може да ги споделат за успешно чекорење кон европскиот пат. Ние сме чекор пред отварање на преговорите со Европската Унија, и бележиме напредок во многу области, што претставува корисно искуство за Косово. Тој додаде дека „Република Косово е успешна приказна и пример за регионот во сферата на дигитализација на правосодниот систем, процес кој е приоритет и за нашата земја“, напиша Лога на својот фејсбук-профил.

Слични содржини