Локализиран и ставен под контрола пожарот во виничко

од Nikola Popovski

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот што денеска се појави на пладне во месноста Скараница, виничко, за неколку часа бил изгасен од пожарникарите од Виница и дел од месните жители.

-Директорот на Центарот за управување, Стојанче Ангелов, беше на лице место на терен при што искажа благодарност и им оддаде признание на пожарникарите за брзата и успешна реакција за локализирање и гаснење на пожарот за неколку веднаш по неговото појавување околу 12.00 часот. Инаку, од огнот беше зафатена површина околу 10 до 15 хектари од мешана шума и трева, а и еден овоштарник со сливи, велат од ЦУК.

Дежурна екипа од виничките пожарникари ќе остане на терен и ќе внимава повторно да не се разгори.

Слични содржини