Локализиран пожарот кај селото Фурка

од Nikola Popovski

Пожарот кај с.Фурка е локализиран, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Сепак од таму додаваат дека има спорадични догорувања кои се појавуваат поради топлото време и ветерот.

-На терен се излезени 3 пожарникари од ТППЕ Гевгелија и заедно со 2 вработени од ЈП НШ подружница Кожув со напртначи го контолираат теренот, појаснуваат од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информира дека месецов се регистрирани 88 пожари. Според него, во текот нa вчерашниот ден имало 18 пожари за кои за повеќе од полoвина постоела опасност да прераснат во сериозни пожари.

Со цел избегнување на пожари, од ЦУК апелираат на поголема внимателност, да не се фрлаат отпушоци преку прозорец на возилата, бидејќи како што велат, дури и мал пожар може да премине во голема катастрофа.

Слични содржини