Локализиран пожарот во атарот на селото Речани

од Stefanija Kuzmanovska

Пожарот кој што денеска избувна на територијата на Општина Гостивар во атарот на селото Речани е ставен под целосна контрола и е локализиран, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Тој додаде дека останати се само два крака кои што само чадат, но, не се забележува горење.

„Благодарение на интервенцијата на лицата од Национални шуми пожарот е локализиран. Откажана е операцијата на гасење на овој пожар со хеликоптер на МВР. Нема потреба од употреба на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Верувам дека во следниот период лицата од Национални шуми целосно ќе го изгаснат овој шумски пожар, којшто избувна околу пладне“, изјави Ангелов.

Инаку, пожарот е видлив од регионалниот пат Гостивар – Кичево – Охрид, наспроти каменоломите покрај патот, што предизвика повеќе јавувања на 112, наведуваат од ЦУК.

Слични содржини