Лончар: Целта ни е да вакцинираме над 2,5 милиони граѓани

од Nikola Popovski

„Досега набавивме преку 2 милиони вакцини. Имаме 4 видови во моментов: Фајзер, АстраЗенека, Синофарм и Спутник V. Вакцинирани се малку над еден милион луѓе, а целта ни е да вакцинираме преку 2,5 милиони луѓе“, изјави на денешното примопредавање на вакцините од Србија, тамошниот министер за здравство, Златибор Лончар.

Тој потенцира дека најважно е да нема опуштање кога ќе се прими првата доза на вакцината.

„Некоја вакцина побрзо дава антитела, некоја дава поспоро. Нас ни се случува одреден број луѓе да ја примат првата доза, па да се опуштат и да ги фрлат маски, по што се заразуваат со вирусот, пред да дочекаат да ја примат втората доза. Тоа е нешто на што морате да внимавате“, вели Лончар.

Слични содржини