Лорер: Никој во Европа не разбираше што сакаме од С. Македонија

од Nikola Popovski

Одлуката за Република Северна Македонија го штити бугарскиот интерес, изјавил денес бугарскиот министер за иновации и раст во оставка Даниел Лорер.

Според него, правилно е бугарскиот парламент со одлука да го поддржи преговарачкиот процес на Република Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ, бидејќи е потребен широк консензус на темата.

„Темата Република Северна Македонија е толку болна за Бугарија што не е во ред мала група луѓе да одлучува за тоа. Нешто толку важно мора да биде одлука на бугарскиот парламент“, смета Лорер.

„Никој во Европа не разбираше што сакаме од Северна Македонија. Поминавме шест месеци објаснувајќи им ги правата на Бугарите и јазикот на омразата. Ова е успех за бугарската дипломатија“, додал министерот во оставка.

Според Лорер, на оваа тема настанала ситуација на брзање, бидејќи истекува француското претседателство со Советот на ЕУ, при што може да дојде до промена на политичката конфигурација во Европа и никогаш повеќе да не се добие таков соодветен предлог.

Слични содржини