Лоши вести за „кралот“, може да го пропушти и Натпреварот на ѕвездите

од Vladimir Zorba


Ситуацијата со големата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс не е воопшто добра. Всушност, поради повредата која ја заработи, тој може да го пропушти дури натпреварот на Ол-Стар викендот меѓу 15 и 17 февруари.

Тој го растегна мускулот во препоните на Божиќ во битката со шампионите Голден Стејт. Очекувањата беа да се опорави максимум до недела, но ќе се покаже дека повредата е доста сериозна и ќе го извади од терените всушност за цели два месеци.

Претходно во текот на неделата тренерот на Лејкерс Лук Волтон најави дека се надева дека во наредните денови ќе може да ја користи својата ѕвезда. Но сега изјавите му беа доста умерени и дури навести дека нема да може да го користи до натпреварот на ѕвездите. А и понатаму.

„Сакам да можам да го користам до Ол-Стар викендот, се надевам дека ќе можам да го користам дотогаш. Но се уште има многу време и не се знае ништо. Но, дури и да не е опоравен до тој датум, ќе треба да се помириме . Тоа е една од работите на кои не можеме да влијаеме“, изјави Волтон.

Отсуството на „кралот“ до моментов е најдолгото во целата негова кариера поради повреда. Може да се покаже дека ќе пропушти повеќе од една четвртина од сезоната поради овој проблем во препоните, а тоа ги намалува драстично шансите на Лејкерс за место во плеј-офот.

Слични содржини