Луи Витон колекција по повод Светското првенство во фудбал

од desk2
86 прегледи

 

Главното случување ова лето за сите љубители на спортот е Светското првенство во фудбал што се одржува во Русија.

Додека целата планета се радува на претстојните натпревари, Pitti Uomo подготвува изложба за влијаието на фудбалот на машката мода “Fantastic Feelings — Fashion Plays Football”, а модните куќи претставуваат колекции посветени на ова случување. Така својата колекција ја претстави и модната куќа Louis Vuitton.

Колекцијата “LV 2018 FIFA WORLD CUP TM” вклучува ранци, патни торби, футроли за визит карти, паричници и гаџети.Додатоците се изработени на ист начин како и фудбалските топки за првенството. Секоја ставка од колекцијата исто така може да биде прилагодена, а торбите се во боите на знамињата на сите 35 земји учеснички.

Колекцијата ќе се појави во продажба на 15 јуни. Louis Vuitton и ФИФА соработуваат од 2010 година.