Вечерва, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, одржа состанок со претседателите на Комисиите на СДСМ, работни тела кои имаат клучна улога во градењето мерки и политики на партијата.
На состанокот се зборуваше за комплетирање на секретаријатите на комисиитге на централно ниво, како и за процесот на формирање на комисии на локално ниво во општинските организации.
– Комисиите на СДСМ како и досега така и за овие избори имаат сериозна улога во градењето на програмата на партијата, во креирањето на мерки и политики во соодветните области. Очекуваме дека и овој пат овие работни тела на партијата ќе имаат клучна улога во создавањето на најдобрата понуда за секоја општина, најдобрата понуда за сите граѓани, посочи заменик престседателката Лукаревска.
Лукаревска подвлече дека СДСМ е силно присутна на терен, дека искрениот отворен пристап на партијата е препознаен од граѓаните и затоа СДСМ е извесен фаворит на претстојните локални избори.
– СДСМ е убедлив фаворит затоа што ги слуша граѓаните, затоа што заедно со нив ја создава најдобрата кадровска и програмска понуда. Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен напредокот на секоја општина, дека е можен развојот на државата и затоа повторно ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред, заклучи заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.