„Лукашенко нема да ја задржи власта без дијалог со народот“

од Stefanija Kuzmanovska

Американската амбасадорка во Минск Џули Фишер смета дека белорускиот претседател Александар Лукашенко веројатно нема да може да остане на власт подолго време доколку продолжи да ги прогонува политичките противници.

Фишер ја даде оваа изјава за „Ројтерс“ пред разговорите меѓу Лукашенко и рускиот претседател Владимир Путин во Москва, нагласувајќи дека Вашингтон е загрижен затоа што Белорусија стана уште позависна од Москва со почетокот на масовните протести минатиот август.

Амбасадорката смета дека е малку веројатно дека Лукашенко ќе го задржи мандатот доколку нема дијалог со народот, пренесува „Танјуг“.

„Се чини незамисливо дека ова може да продолжи и во блиска иднина. Динамиката на протестот го смени кредибилитетот на режимот во Белорусија. Не верувам дека било која влада што толку отворено ја игнорира волјата на народот е одржлива“, изјави Фишер за агенцијата за време на посетата на Литванија, каде се состана со белоруски опозициски активисти.

Слични содржини