Луција Хоули: Убава и талентирана како славната тетка

од desk4

Покрај мајка славна новинарка и мегапопуларна тетка, Луција Хоули (21) ги има сите предиспозиции да стане познато име во светот на филмот и шоубизнисот. Поради својата убавина  и физичка сличност со тетка ѝ многумина веќе почнаа да ја забележуваат.

 


Луција е студентка на новинарство, но сака еден ден да стане ценета актерка како тетка ѝ Никол Кидман. Покрај тоа, младата австралијка физички е многу слична со тетка си, поради што веќе е тема број еден во светските магазини за убавина.
Убавата девојка е ќерка на влијателната новинарка, Антонија Кидман, сестра на Никол, родена во бракот со Ангус Хоули, кој во 2015 година почина од инфаркт. Таа ѝ е најстарото дете, односно има и два сина.
Својата новинарска кариера Антонија ја започна на телевизијата „Најн нетворк“, а подоцна замина на Ен-Би-Си и се обиде како писателка, односно напиша две книги за родителството.
Ќерка ѝ Луција тргна по нејзини стапки, на факултетот за новинарство беше одлична студентка, но со тек на годините сфати дека актерството е она со кое сака да се занимава. На тоа секако големо влијание имаше и тетка ѝ Никол, со која имаат прекрасен однос.
– Луција едноставно ја обожава Никол и сака да тргне по нејзини стапки. Таа ѝ е пример за многу работи, не само за актерството- од нејзе ја наследила и смислата за мода- велат блиски пријатели.

View this post on Instagram

The hardest goodbye @pathos_sunset_bar 😫

A post shared by Lucia Hawley 🤍 (@luchhawley) on

Слични содржини